Широки колкови, дупка меѓу забите: Стандардите за убавина на жените низ земјите во светот
Во Јапонија жената е привлечна ако има светол тен и ситни очи, во Доминиканската Република стандардите за убавина вклучуваат тесна половина, широки колкови и исправена коса, во Франција дамите се привлечни ако имаат дамки на лицето или дупка меѓу забите...
Стандардите за убавина постоеле отсекогаш, но во секоја земја во светот се различни.
На пример, жените на Тајланд се опседнати со тоа да бидат што е можно послаби, за разлика од жените во Индија кои се гордеат ако имаат фигура во вид на песочен часовник.
Кои карактеристики во изгледот на жената се сметаат за стандарди на убавина во различни земји?
Германија
Германките преферираат свеж изглед и минимална шминка, но и „стегнато“ тело, па често спортуваат.
Не само што сакат да изгледаат добро, тие сакаат да се чувствуваат силно и да се полни со енергија.
Турција
Во Турција се смета дека жената е убава ако има долга коса, ако е нашминкана и има долги трепки и изразени веѓи.
Веѓите не треба да се многу долги, ни тенки и секогаш да се симетрични.
Јапонија
Жените кои имаат бела кожа, ситно лице, мали очи, здрава коса и користат многу малку шминка се смета дека се убави во Јапонија.
Мексико
Во Мексико жената се смета дека е убава ако има темен тен, убаво тонирано тело, полни усни и природни, но силни веѓи.
Индија
Жените со фигура на песочен часовник, мал нос, крупни очи и полни усни се смета дека се најубави во Индија.