Како изгледаат модерните невести кај нас, а како во државите ширум светот?
Секоја држава и секој народ си има свои свадбени традиции, но повеќето модерни невести не сакаат да се придржуваат до сите правила од минатото. Сепак, во речиси секоја држава, и модерните свадби си имаат барем една карактеристика што ги издвојува од другите.
Иако денес речиси сите невести одбираат венчаници според нивниот вкус, повеќето ги негуваат и традициите кои останале од предците.
Погледнете како изгледаат денес невестите кај нас, но и од разни држави ширум светот:
Македонија
Најчесто кај нас невестите носат бели венчаници со широко или тесно здолниште. Неретко, корсетот на фустанот е украсен со везови или камчиња, а многу жени носат и вел. Но, македонските невести не се плашат да експериментираат со изгледот и доста често гледаме малку поразлични и уникатни венчаници.
Фризурите и шминката се важен дел од изгледот на нашите невести, и повеќето ја носат косата целосно или делумно собрана.
Либан
Невестите во Либан најчесто одбираат многу долги венчаници кои се влечат по подот и изгледаат волшебно.
Здолништето на венчаниците е украсено со скапоцени камења, корсетот има рачно направени везови, а накитот, кој вклучува обетки, ланче и тијара, неретко е украсен со дијаманти. Невестите од Либан имаат и вел долг неколку метри.
Турција
Во Турција, невестите носат венчаница која наликува на балски фустан и која е украсена со разни везови. Слично како кај жените од Либан, и тие носат накит со скапоцени камења, а особено внимание обрнуваат на шминката на очите.
Иако најпопуларни се белите венчаници, некои жени одбираат и фустан со друга боја.
Индија
Индиските венчавки се навистина шарени – невестата обично носи традиционално сари, украсено со златни везови и скапоцени камења. Пред свадбата, дланките и стапалата на невестата се украсуваат со кана.
Невестите од Индија се препознатливи и по накитот – тие носат огромни ѓердани и обетки, а неретко имаат и пирс на носот. Обично и гостите ја следат традицијата, па и тие носат облека со светли бои.