Какви венчаници носеа трендсетерките на својата свадба? (фото)
Тие се кралици на стилот, кои везден мамат воздишки со модните изданија. Ниту големиот ден, кога со саканата личност си го изговорија судбоносното „да“, не беше исклучок. Во каков фустан се омажија популарните фешнистки?
Познатите модни блогерки секојдневно инспирираат со добриот вкус на социјалните мрежи, како и вешто склопените комбинации за сите пригоди.
А, баш како и мнозинството жени, тие посакаа да блеснат на денот на венчавката. Секоја беше посебна на свој начин пред олтарот, останувајќи доследна на личниот стил што го негува.
Од скандинавските минималистички русокоси, преку шик француските дами, па до њујоршките смели инфлуенсерки, се потсетуваме на дел од најубавите фустани во кои се омажија фешнистките.
Погледнете какви венчаници носеа трендсетерките на својата свадба:
М. А. | Црнобело