Родители од Македонија ни ги споделија писмата на децата до Дедо Мраз: „Сакам короната да помине и да се вратам во школо“
Новата година е речиси на прагот, а со нејзиното наближување расте возбудата кај нашите најмили, па неколку родители одлучија за CRNOBELO.com да ги споделат писмата на нивните деца до Дедо Мраз.
Децата се тие кои искрено со душа го чекаат тоа новогодишно утро, за под шарената елка да ги најдат подароците кои нетрпеливо ги очекувале.
Писмата до Дедо Мраз претставуваат дамнешно распространета традиција низ целиот свет.
Секое од дечињата се надева дека стариот чичко со белата брада ќе му ги донесе подароците од неговите соништа, токму оваа зима, па затоа низ целата година се труди што повеќе да ја докаже својата послушност и добрина.
Децата се нашата најголема радост. Карактеристично за нив е тоа што без никаков проблем го зборуваат она што прво ќе им падне на ум и се особено непосредни кога станува збор за поставување барања и желби.
Оваа година, група на родители одлучија ексклузивно за CRNOBELO.com да ги споделат најсмешните, најискрените и најсимпатичните писма коишто ги напишале нивните мали палавковци.
Се надеваме дека овие слатки барања навреме ќе пристигнат до Дедо Мраз и дека тој ќе им ги исполни сите нивни желби.
Подгответе се за искрена насмевка и топлина којашто ќе ви ги згрее срцата:
*Фотографиите од децата се објавени со одобрување од родителите.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.
Мила М. | Црнобело / фото: CRNOBELO.com