„Мамо ќе се омажиш ли за тато?“ - Уникатно запросување со бебенце во инкубатор
Коби имал само 2 дена кога „помогнал“ татко му да организира романтично запросување за мајка му. Сега тој е дома, а неговите родители ја планираат свадбата.
Коби Селорс е бебенце кое кога било старо само 2 дена му „помогнало“ на својот татко на уникатен начин да ја запроси неговата мајка.
29-годишниот Џон ја запросил 26-годишната Сиан Стафорд со напис во инкубаторот на нивното предвремено родено синче.
„Мамо ќе се омажиш ли за тато?“, бил слаткиот напис до кој стоел прстен.
Во прв миг Сиан не го ни забележала прстенот затоа што се радувала на моментот што малиот Коби бил тргнат од машина за дишење, но потоа со задоволство кажала „да“.
Џон вели дека не бил романтичен тип по природа, но бидејќи Сиан му споменувала дека сака да се омажи одлучил да организира ваков романтичен гест.
Сакал запросувањето да биде специјално за неа и да го помни.
Сега малиот Коби е дома, а неговите родители ја планираат свадбата.
С. С. | Црнобело