Загреб е како сцена од новогодишна бајка на прагот од 2023-та (фото)
Загреб и годинава ја оправда титулата еден од најдобро празнично украсените градови во Европа. На сите страни елки, сијалички и новогодишна магија...
Божиќниот пазар во Загреб веќе години наназад е еден од најдобрите во Европа, па така е и годинава.
На прагот од 2023-та Загреб е како сцена од новогодишна бајка.
Божиќниот пазар годинава започна од 26.11 и ќе трае до 7-ми јануари 2023-та година.
Овој град дури трипати досега е прогласуван за најубаво украсен град во Европа.
Српската инфлуенсерка Јована Квржиќ периодов престојува во Загреб и вели дека градот е навистина како бајка.
Од лизгалишта до мечиња и елки, почувствувајте ја атмосферата преку нејзините фотографии.
Празничната атмосфера во Загреб:
С. С. | Црнобело