22 фото-причини да ја посетите Виена во есен
Парковите се трансформираат во најубавиот златен пејзаж, времето е идеално за долги прошетки, а ќе уживате во вкусната есенска кујна со неодолив мирис... Инстаграм фотки кои ќе ве натераат да ја посетите Виена оваа есен.
Австриската престолнина е прекрасна да се посети во секое време, но ако оваа сезона сте во потрага по есенска дестинација, не ја пропуштајте можноста.
Иако Виена најчесто е патувачки избор за време на божиќните празници, кога е преплавена со декорации и базари каде може да се почувствува празничната магија, нема да погрешите ако ја видите и во есен.
Времето не е ниту топло ниту ладно и е идеално за долги прошетки, ќе ги истражите сите убавини и ќе ја видите во едно поинакво светло во сите нијанси на златната боја.
Ако уште се двоумите, можеби овие Инстаграм фотки ќе ве предомислат:
https://www.instagram.com/p/CkEE1mNp4ca/