Топ 10 бич барови на вториот крак во Грција
Saint George Beach, Никити
На крајот од шеталиштето на Никити, во близина на кампот, се наоѓа овој бич бар, кој на плажата има удобни лежалки со чадори, а зад нив има бар под природна сенка уреден во впечатлив стил, каде може да уживате во некој од вкусните оброци и ладни пијалаци додека одмарате од сончање со пријатна музика.
https://www.instagram.com/p/CSrLapSI9yE/
https://www.instagram.com/p/CUZgXeAoQxU/
Paradise Beach Bar, Сарти
Се наоѓа на рајската плажа Kavourotripes Paradise, која е оддалечена 8km од Сарти, а водата е тиркизна и кристално чиста, со бел песок и карпи. Над плажата која од егзотичниот бар е уредена со лежалки и чадори, во шума е поставена кантина која служи пијалаци и грицки, а во околината има лулки и перници за опуштање.
MOA Seaside Beach Bar, Никити
Барот се наоѓа на плажата Калогриа, а е уреден со сламени чадори кои даваат посебен шарм, но има и кревети сместени под природна сенка на маслинови дрвца и други видови. Добра музика, вкусни пијалаци и свежа храна, сервирана неодоливо – потребно е уште да ве убедуваме?
Manassu Beach Bar Restaurant, Вурвуру
На 12km, од патот Вурвуру-Сарти, се наоѓа голем бич бар со удобни лежалки со душеци и ресторанче повлечено зад плажата, уредено со зеленило, цвеќиња и внимателно одбран мебел за на плажа. Зад плажата се простира природна шума во чиј поглед ќе се вљубите додека пливате во кристално чистата вода.
М. М. | Црнобело