Најголемиот, забавен лавиринт во Европа се наоѓа во срцето на Србија – изгубете се во Бора лавиринтот (фото)
Најголемиот лавиринт во Европа со неверојатна површина од 7.000 м2 се наоѓа во срцето на Шумадија, Србија.
Марина Богдановиќ која работи како лице за односи со јавност на „Бора Лавиринт“, вели дека просечното време на минување низ овој фантастичен лавиринт изнесува помеѓу 45 минути и еден час.
Меѓутоа, за оние кои ќе се почувствуваат збунето и изгубено, има чувари на кулите, како и чувари во самиот лавиринт:
„Некои сакаат да се изгубат, да уживаат во зеленилото и да почувствуваат како талкаат низ лавиринтот. Сепак, за оние кои сакаат да се откажат, имаме стража на кулата висока 10 метри, како и стражари во лавиринтот и мапи поставени на критичните места“ – објаснува Марина, истакнувајќи дека децата уживале во лавиринтот подеднакво како и пензионерите.
Лавиринтот е наменет за посетители од сите возрасти, а покрај главната атракција забавата вклучува и скокање на дури 192 трамболини, потоа мини голф и замоци на надувување и скокање за најмладите.
Од главниот град на Македонија до Бора лавиринтот нè делат околу 330 km, што значи дека доколку сте подготвени за добра и малку поинаква забава, време е да се „изгубите“ низ зеленилото на најголемиот лавиринт во Европа:
https://www.instagram.com/p/CdARZMvtGXL/?hl=en
https://www.instagram.com/p/CdNsGvcL5Vm/?hl=en
https://www.instagram.com/p/CaCyDwYrWHh/?hl=en
https://www.instagram.com/p/CZq3eKer4L9/?hl=en
https://www.instagram.com/p/CdBJ_EAMXeu/?hl=en
(О)Милена | Црнобело