Филмскиот Стар мост во Мостар е хит кај инстаграмџиите (фото)
Овој мост на реката Неретва е под заштита на УНЕСКО и е познат како главен симбол на градот Мостар во Босна и Херцеговина. Инстаграмџиите го обожаваат како место за совршени фотки...
Македонските туристички агенции сè почесто нудат кратки тури до Мостар, а главна атракција таму е Стариот мост, со кој Инстаграм е преплавен од фотки.
Живописен и впечатлив, тој дефинитивно е магнет за туристите, но и за локалните инстаграмџии. Одлична идеја е да се пие шолја турско кафе со поглед кон него, зарем не?
Мостар е град во Босна и Херцеговина во кој живеат околу 113.000 жители и овој град се смета за културна престолнина и низ него поминува реката Неретва.
Мостар е петти по големина град во земјата, а своето име го добил по чуварите на мостот (мостари) кои во средниот век го чувале Стариот мост по текот на Неретва.
Стариот мост, изграден од страна на Османлиите во 16-иот век, е едно од најпрепознатливите обележја на Босна и Херцеговина и се смета за еден од најпознатите примери на исламската архитектура на Балканот.
Мостот е долг 30 метри и се издига на 20 метри над реката Неретва во својата највисока точка.
На 9-ти ноември 1993 година мостот бил разрушен од страна на хрватската војска. Самиот мост бил повторно обновен во 2004 година кога и е ставен под заштита на УНЕСКО. Овој мост е познат како главен симбол на градот Мостар во Херцеговина.
Фотографии оттаму:
https://www.instagram.com/p/BjNLcRBjxHc/
https://www.instagram.com/p/CDOU0gQnAEe/
https://www.instagram.com/p/CdL-QwQLCZc/
https://www.instagram.com/p/CTxrhRQLrJ0/
https://www.instagram.com/p/CSKRfVwKIXD/