„Бев на Бислимска Kлисура – печевме компири на жар, им се восхитував на качувачите на карпа“
Но, тоа не значи дека попладнето и вечерта не ги пречекавме со задоволство спортските качувачи на карпа, кои восхитени ни ги пренесуваа искуствата, па си делеа дипломи за најуспешните и коваа планови кога во најбрз можен рок ќе качуваат повторно.
Бислимската Клисура предизвикува и најдобро од сè е што на карпите има повеќе насоки со различна тежина, па има место и за почетници и за искусни. Се разбира, на лице место ве очекува и соодветна опрема.
Приказната на група ентузијасти кои сакаат да го испромовираат ова место во иднина ќе вклучува и возење со кајаци по реката и уживање во кањонот од поинаква перспектива, можност за изнајмување на велосипеди и истражување на овој рурален и карпест предел и што уште не.
фото: Архива Стефан Хаџи Јефтимов
И така, по напорен ден полн активности, сигурно и вие ќе имате можност да уживате во делот кој мене ми беше омилен – приквечерината кога запаливме оган, се наредивме сите околу него, печевме повторно компирчиња, но овојпат на жар.
Редевме дрвца, се дополнуваа гранки кои пукаа под пламените јазици, а со задоволство ги слушавме приказните на спортските ентузијасти, кои верувам дека по уште една, две дружби ќе ме натераат да се осмелам и јас да пробам спортско качување.
Но, во меѓувреме преку фотографии ви ги пренесувам искуствата на другите, кои се одлучија на ваков чекор.