„Бев на Бислимска Kлисура – печевме компири на жар, им се восхитував на качувачите на карпа“

„Признавам, се собравме боеми по природа, па печевме тазе наполнети колбаси од локален жител од селото, компирчиња во фолија и се полневме енергија сончајќи се со пивце на мартовското сонце. Но, тоа не значи дека попладнето и вечерта не ги пречекавме со задоволство спортските качувачи на карпа, кои восхитени ни ги пренесуваа искуствата. Дури и почетниците беа воодушевени, ни раскажуваа за авантурата собрани околу огнот кој пуцкаше...“

bev-na-bislimska-klisura-pechevme-kompiri-na-zhar-im-se-voshituvav-na-kachuvachite-na-karpa-01.jpg

Обожавам викенди во природа, особено на пролет... Па, не постои нешто поубаво од утринско кафе во природа, зарем не?

bev-na-bislimska-klisura-pechevme-kompiri-na-zhar-im-se-voshituvav-na-kachuvachite-na-karpa-12.jpg

Изминатиов викенд (26/27.03) патот ме одведе кон Куманово, поточно до селото Пчиња, распослано на брегот од Кумановската река и до спектакуларната Бислимска Клисура.

Бислимска Клисура е мала клисура на реката Пчиња што се протега од вливот на Кумановска Река до селото Пчиња. Долга е 6,5 километри. Оддалечена е 5 километри од градот Куманово.

bev-na-bislimska-klisura-pechevme-kompiri-na-zhar-im-se-voshituvav-na-kachuvachite-na-karpa-58.jpg

Патот дотаму лесно ќе го пронајдете, има само еден мал дел каде што се оди по земјен пат, но воопшто не е проблематично. Од Скопје треба да извозите малку повеќе од 50 километри.

Таму, во селото Пчиња, ќе ве дочека широк означен паркинг крај реката, а старите куќи од селото историја ќе ви раскажат со само еден поглед фрлен на нив. Ќе наидете и на знак каде да се упатите.

bev-na-bislimska-klisura-pechevme-kompiri-na-zhar-im-se-voshituvav-na-kachuvachite-na-karpa-10.jpg

Утринското кафе го испив во дворчето на една од најживописните и можеби најстарите куќи во селото, која е на самиот почеток од патчето по кое пешки се оди до карпите за искачување.

bev-na-bislimska-klisura-pechevme-kompiri-na-zhar-im-se-voshituvav-na-kachuvachite-na-karpa-13.jpg

bev-na-bislimska-klisura-pechevme-kompiri-na-zhar-im-se-voshituvav-na-kachuvachite-na-karpa-11.jpg

Таму со задоволство ќе ве пречека група ентузијасти од „Outdoor Adventure Macedonia“, кои работат на тоа да го испромовираат овој прекрасен предел од Македонија. Да, има студено пиво, спортска опрема и убава енергија. Секој е добредојден да здивне тука, а може и да си поставите шатор за да преспиете.

Има вода, има струја, има одлични услови.

bev-na-bislimska-klisura-pechevme-kompiri-na-zhar-im-se-voshituvav-na-kachuvachite-na-karpa-27.jpg

Токму викендов се одржа  авантуристичкиот настап „Качувачки фестивал на Бислимска клисура“, каде сите вљубеници во спортот, но и почетници, дури и дечиња, можеа да пробаат спортско качување.

bev-na-bislimska-klisura-pechevme-kompiri-na-zhar-im-se-voshituvav-na-kachuvachite-na-karpa-09.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg