„Јас сум Американка, ја посетив Грција за првпат – што ме изненади најмногу?“
-->
Санторини е инстаграмџиски рај навистина, но премногу е искомерцијализиран и преполн со туристи секогаш, па тешко е да најдете мирно катче.
Милос, познат по шарените рибарски селца и неверојатни плажи, ми беше совршен одмор помеѓу турбулентните Атина и Санторини. Па, кога повторно ќе ја посетам Грција ќе одам на помалку познати дестинации кои се скриено богатство.
Прекрасно е што во Грција има стотици острови, но малку е мачно патувањето и одзема многу време кога сакате да посетите неколку острови наеднаш.
-->
Бев изненадена што многу убави и познати места во Грција нема да ви бидат пристапни ако не сте добро физички спремни за пешачење, некогаш и по непристапен терен. На пример за на Акрополис спремете се за многу нагорнини и скали.
Храната беше повкусна од што очекував, секој оброк беше неверојатно вкусен, а особено ми се допадна локалниот јогурт.
Шише вино во Грција чини колку коктел во САД, па така бевме пријатно изненадени од цените.
На мерките за корона не се внимаваше многу на ферибродовите , но во метрото во Атина и низ локалите се носеа маски и се вршеше дезинфекција. Ова за мене беше навистина незаборавно патување, по 18 месеци минати дома поради пандемијата.
-->
-->
Повеќе фотки од нејзиниот престој во Грција на следната страна...
Би можело да ве интересира:
14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија
Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон...
Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Ресорт направен како реплика на Санторини е хит во Кина (фото+видео)
Во кинеската провинција Јунан, има ресорт кој е како реплика на Санторини, а бид...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје
Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
10 најубави плажи на Јонските Острови во Грција
Љубителите на кристално чисто море во тиркизна нијанса нема да погрешат доколку ...
6 блиски бич барови во Грција за еден ден или викенд на море
Најубавиот бич бар е во околината на Неа Ираклиа, пракрасен бич бар со палми и б...
-->