„Јас сум Американка, ја посетив Грција за првпат – што ме изненади најмногу?“
-->
„Санторини е инстаграмџиски рај навистина, но премногу е искомерцијализиран и преполн со туристи секогаш, па тешко е да најдете мирно катче. Шише вино во Грција чини колку коктел во САД, па така бевме пријатно изненадени од цените.“, раскажува Ариел Шинкел од Њујорк.
Ариел Шинкел од Њујорк за првпат отпатувала во Грција во септември годинава и престојувала таму 9 дена.
-->
За магазинот Insider таа пренесува кои ѝ се впечатоците оттаму:
Времето беше пријатно и сончево, плус со тоа што избрав да одам во септември ги прескокнав турканиците од туристи. Сепак, за овој период од годината потребно е да спакувате и џемперче и фармерки.
Познатите грчки плажи навистина беа прекрасни, со сопругот моравме да се искапеме, но водата очекував да биде потопла во овој период од годината.
-->
-->
Исто така не ми се допадна што водата во базените во хотелите каде што престојувавме беше студена.
-->
Локалците беа неверојатно пријателски настроени, со задоволство разговараа со нас и знаеја англиски.
Имаше многу бездомни животни - многу мачки и кучиња се оставени на улиците без засолниште и храна, тоа навистина ми го скрши срцето.
-->
Турите со водич без одлични, бев на винска тура на Санторини, на Акрополис во Атина, на крстарење итн. Добив одлични информации за историјата на оваа земја од водичите, плус запознав луѓе од цел свет.
Планирав да ги посетам островите Миконос и Санторини, но пријателите ме убедија Миконос да го заменам со помалку познатиот Милос, кој не е толку оптоварен со посетители, и не погрешив.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:
14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија
Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон...
Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Ресорт направен како реплика на Санторини е хит во Кина (фото+видео)
Во кинеската провинција Јунан, има ресорт кој е како реплика на Санторини, а бид...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје
Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
10 најубави плажи на Јонските Острови во Грција
Љубителите на кристално чисто море во тиркизна нијанса нема да погрешат доколку ...
6 блиски бич барови во Грција за еден ден или викенд на море
Најубавиот бич бар е во околината на Неа Ираклиа, пракрасен бич бар со палми и б...