Смарагдната патека за прошетка покрај Блед ги остава посетителите без здив (фото)
Винтгар, кањонот на реката Радовна, на само 4 километри од центарот на Блед, ги привлекува љубителите на природната убавина не само од Словенија и околните земји, туку и од цела Европа.
Се наоѓа на источниот раб на националниот парк Триглав, врежан помеѓу ридовите Хом и Борат, и е долг 1.600 метри.
Над него се издигнуваат вертикални карпи, високи од 50 до скоро 100 метри.
Низ овие 1600 метри од кањонот Радовна се создава езерце каде што може да се забележат пастрмки во кристално чистата вода која одвреме-навреме ја менува бојата од темно смарагдна во тиркизно зелена…
Од влезот па речиси до крајот на кањонот движењето се одвива по дрвени патеки преку реката Радовна до карпата.
Влезот во кањонот се наплаќа по десет евра за возрасни и две евра за деца, но глетката е толку спектакуларна, што нема да видите поубав, позелен и помирен пејзаж:
https://www.instagram.com/p/CDo0R0fD4n1/
https://www.instagram.com/p/CCtXtTDFa8Z/
https://www.instagram.com/p/CTeRO5Ii3sk/
https://www.instagram.com/p/CSEGIcOjg68/
https://www.instagram.com/p/CR8brtTgTdH/
https://www.instagram.com/p/CRWJD91F3Ks/
https://www.instagram.com/p/CShHRCaNxLE/
(О)Милена | Црнобело