Скриениот бисер на Шара – блескавата убавина на Црното Езеро (фото)
Второто по големина глацијално езеро на Шар Планина го носи името Црно Езеро. Лоцирано е во брустовичкиот масив, помеѓу Рудока и Бориславец, на надморска височина од 2170 метри. Езерото има должина од 248 метри и ширина од 185 метри.
Се „храни“ од топењето на снегот и неколкуте извори на јужниот крајбрежен дел од него. Длабочината на Црно Езеро достигнува до 6 метри, а самата вода има специфично, камено дно, поради што го нарекуваат и „црниот бисер“ на Шара.
Водата е неверојатно бистра, со темносина боја, а поради длабочината и каменото дно понекогаш добива темна, речиси црна боја, по што го добило и името. Апсолутно секоја капка пот вреди со искачувањето до Црното Езеро.
Таму ќе ве дочека таква неверојатна, природна убавина, по што ќе се запрашате – дали местото е реално? Да, навистина е:
https://www.instagram.com/p/BWXdxfjAEIM/
https://www.instagram.com/p/CErnY0QMTFa/
https://www.instagram.com/p/CEkgdU7HCbi/
https://www.instagram.com/p/CEhT4jMnqd2/
https://www.instagram.com/p/CDLNMFunJ6k/