Теово – зелен рај во кој вистински ќе се поврзете со природата (фото)
Теово е село во Општина Чашка лоцирано во источниот дел на областа Азот во околината на градот Велес. Селото е сместено на еден од краците на патот Виа Игнација. Според најстарите записи, Теово се споменува уште во 1335 година.
Теово е рамничарско село на надморска височина од 260 метри. Денес административно му припаѓа на Општина Чашка.
Селото се наоѓа во средното сливно подрачје на реката Бабуна, на 30 километри оддалеченост од градот Велес. Во неговата околина се селата Оморани, Согле, Плевење, Бистрица, Богомила, Мокрени, Ораов Дол.
Селото е познато по своето локално сирење кое се прави со билки и прекрасните, зелени предели околу реката Бабуна.
Теовци се особено горди на нивниот јавор, стар 5 века, со висина од околу 40-тина метри.
Жителите на Теово се снабдуваат со вода од 7-8 бунари. Подалеку од Теово на селскиот атар избива единствениот извор Бела Чешма.
Доколку сакате да се надишете чист воздух и да ги одморите очите во бескрајно зеленило, време е да го посетите Теово:
https://www.instagram.com/p/By7W8oYFH2r/