10 магични гратчиња во Италија кои ќе ве остават без зборови
Италија - држава со неверојатна историја и извонреден начин на живот.
Разновиден народ и уште поразновидна храна. Народ кој изобилува со топлина и ведар дух.
Сите овие поволности ја комплетираат и ја прават оваа прекрасна држава една од најпосетуваните во светот.
При нејзиното посетување, повеќето туристи групираат повеќе познати градови, како што се: Рим, Венеција, Фиренца и Милано. Но, постојат и мали, не толку познати гратчиња, кои во себе кријат магија.
Во продолжение ви ги претставуваме 10-те најубави мали градови во Италија кои навистина вреди да ги посетите:
1. Портофино, Лигурија
Крајбрежниот град Портофино е едно од најубавите европски пристаништа.
Куќите со пастелни бои, врвните бутици и рестораните за морска храна ја красат неговата површина. Овде ќе најдете и мали калдрмен плоштад, со поглед кон пристаништето во кое се закотвени секакви јахти.
2. Чефалу, Сицилија
На само еден час од Палермо, сместен е средновековниот град Чефалу.
Овој град е како разгледница во којашто се снимени многу филмови и има многу катедрали украсени со мозаици. Прекрасната Ла Рока, пак, може да ви приреди зајдисонце кое никогаш нема да го заборавите.
3. Таормина, Сицилија
Има нешто волшебно во Таормина, градот на карпите на островот Сицилија.
Погледите на планината Етна и Јонското Море хипнотизираат, а античките урнатини и кафеави улици навистина умеат да го „украдат“ сечие внимание.
4. Вернаца, Лигурија
Вернаца е најстрмното и најромантичното гратче во Италија. Неговите улици се наредени со куќи во боја на пастелни бонбончиња и доволно „гелатерии“, односно мали симпатични продавнички за сладолед кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.
Иако погледот кон морето се појавува на секој чекор, најимпресивниот поглед ќе го доживеете во Белфорт, иконски ресторан за морска храна, сместен во замок од 11-ти век на врвот на пристаништето.
5. Колоди, Тоскана
Изграден на еден страничен рид во Тоскана, меѓу Фиренца и Пиза ќе го најдете Колоди: прекрасно средновековно село, познато кзко „Домот на Пинокио“ (или, поточно, на неговиот креатор Карло Колоди).
Не заминувајте без да го посетите Пинокио Парк, каде што се наоѓа највисоката дрвена статуа на Пинокио во светот, како и околните градини Гарзони, исполнети со ренесансни статуи, украсни фонтани и бујни бамбусови градини.