Дрвја со портокали и градина со домати: Кое изолирано место на Ибица го обожава Ријана? (фото)
Можеби мислите дека поп дивата сака модернистички ентериер и луда забава, но вистината е дека сака само мир и сплотеност со природата.
Шпанскиот остров Ибица е место каде секоја година одмораат и се забавуваат богатите и славните. Актери, бизнисмени милијардери, модели уживаат во убавините на островот и во прекрасните плажи.
Но, некои од нив, како Ријана, Шакира и Кејт Хадсон, сакаат поинтимен одмор на изолирано место, каде ќе бидат едно со природата. Таков скриен дијамант на Ибица е престижниот ресорт „Atzaró Hotel and Spa“, отворен во 2004 година.
Станува збор за реновирана традиционална фармерска куќа, која раскажува 300 години традиција и се протега на големо земјиште со многу дрвја со портокали, палми и т.н. природен луксуз. Ентериерот е рустикален, но локалот нуди задоволства како СПА на отворено.
Има сопствена градина со разни билки и зеленчук, со кои потоа се приготвуваат јадења во ресторанот.
Отпатувајте на миг во овој прекрасен ресорт на Ибица:
С. С. | Црнобело