Стаорци што скокаат до 1 метар, танц со коските на починатите: 13 факти за животот во Мадагаскар
Раѓањето на близнаци се смета за несреќа или за вештерска работа
Во некои племиња се верувало дека ако се родат близнаци тоа е лоша среќа и треба да се фрлат во шумата. Мајката ако не се согласи да го стори тоа ќе биде избркана од племето. Сега оваа традиција е забранета, но некои традиционални заедници не ја почитуваат забраната.
На островот има 18 етнички групи и сите имаат уникатен дијалект и традиции, во некои племиња има систем на касти, во други се верува во духови
Многу луѓе живеат во екстремна сиромаштија
Мадагаскар е помеѓу најсиромашните земји на светот и во просек жителите таму заработуваат по 1 долар на ден.
Страдаат од неухранетост, а често повеќе пари трошат на градење гробови на нивните предци, отколку на своите домови.
Во Мадагаскар се јаде повеќе ориз отколку во Кина
Оризот го јадат со секој оброк и им е замена за леб. Имаат дури и пијалак направен од ориз.
Жителите практикуваат размена, па така разменуваат мед за садови на пример
Во 1998 година на островот за првпат се пронајдени сафири, па локалните жители оттогаш ги бараат во реките и рудниците
Прочитајте и секогаш доцнат, јадат глувци и крокодили: 11 факти за животот во Виетнам!
С. С. | Црнобело