10 европски дестинации кои треба да ги посетите додека не се наполниле со туристи
Прованса, Франција
Ова е веројатно најубавиот регион во Франција, преполн со полиња од лаванда, маслинова шума и светло-тиркизни води на прекрасните карпести плажи, како и тренди барови и ресторани.
Призрен, Косово
Полека но сигурно, Косово сè повеќе привлекува туристи, а според Lonely Planet оваа земја е дом на најмладата популација. Призрен кој датира од византиско време нуди интересни истражувачки прошетки, фестивали и планинарење, за љубителите.
Фризија, Холандија
Прекрасни канали, преслатки кафулиња и впечатливи градби од цигла – Фризија наликува многу на Амстердам, но без гужвата.
Кантабрија, Шпанија
Ако не сте планинар, сигурно ќе уживате на прекрасните плажи, или шетајќи низ шармантните селца во близина – ова место нуди за секој по некое задоволство.
Емилија-Ромања, Италија
Ако сакате да ја посетите Италија за храна, тогаш ова место треба да ви е прво на листата. Регионот е познат по тоа што многу италијански специјалитети потекнуваат токму од таму, како рагу, пршута, балсамико и пармезан.
M. M. | Црнобело