10 европски дестинации кои треба да ги посетите додека не се наполниле со туристи
Иако популарните дестинации се секогаш добар избор, сепак покрај нив има и други места во Европа кои вреди да се посетат.
Можеби никогаш не ви паднало на памет да посетите некое од овие места кои се најдоа на листата на Најдобри во Европа за 2018, според Lonely Planet.
Од делови во Италија одлични за љубители на храна, до чисти и прекрасни плажи во Грција – местата во продолжение иако се совршени, сепак не се толку популарни, што значи дека нема да бидат преполни со туристи.
Погледнете ја листата и одлучете која дестинација ќе биде прва на вашата листа за патување:
Тирана, Албанија
Иако можеби некогаш не важела за таква, денес Тирана е виножито од пастелно обоени згради, средени плоштади, паркови, зеленила, може да се најдат многу дизајнерски бутици и интересни барови.
Випавска долина, Словенија
На само 1 час возење од Љубљана, Випавската долина е преполна со винарии и лозја, а поради тоа што се наоѓа на граница со Италија, многу налиува на Тоскана, но е многу поевтино.
Вилнус, Литванија
Иако на многумина никогаш не им се нашло ова место на листата, сепак оваа година вреди да се посети, бидејќи се слави 100 години независност, па се очекуваат многу фестивали и прослави.
Мали Киклади, Грција
Малите Киклади се островски комплекс во Егејско море во склоп на Киклади, а може да се каже дека се недопрени од туристи, па се идеална опција за мирен одмор на прекрасни плажи.
Данди, Шкотска
Во септември, во Данди ќе се отвори првиот шкотски дизајнерски музеј, со повеќе од 300 изложби на шкотски дизајни низ годините. Посетителите ќе имаат можност да истражуваат сè од архитектура, до видео игри и мода.