15-те најубави божиќни пазари во Европа
Зимскиот период претставува прекрасно време за посета на европските градови и некои од најубавите божиќни пазари, посебно ако сте во потрага по подароци или едноставно сакате да се препуштите на новогодишната атмосфера.
Откријте ги некои од најубавите божиќни пазари според интернет страната „European Best Destinations“:
15. Берлин
Барокната палата Charlottenburg претставува раскошна позадина за овој пазар на Божиќ. Целиот пазар е осветлен со безбројни сијалички, декоративна ограда и дрва. Клучна точка на пазарот е пирамидата пред главниот влез на пазарот. Трае од 24-ти ноември до 28-ми декември 2015.
14. Лондон
Спектакуларна божиќна дестинација претставува „Зимската земја на чуда“ на Хајд парк која трае цели 6 возбудливи недели, почнувајќи од 20-ти ноември. Влезот е бесплатен и има повеќе од 100 атракции – по нешто за секого.
13. Бирмингем
Бирмингем го има најголемиот автентичен пазар во Европа со 5.5 милиони посетители годишно. Оваа година има дури 180 тезги. Пазарот трае од 12-ти ноември до 22-ри декември 2015 година.
12. Келн
Времето на божиќни пазари во Европа полека, но сигурно дојде, а Келн не е исклучок од останатите градови. Од 23-ти ноември до 23-ти декември, магијата на Божиќ можете да ја почувствувате и во овој свечено украсен град.
11. Виена
Од средината на ноември до Божиќ, најубавите плоштади во Виена се трансформираат во магични пазари каде можете да ја почувствувате аромата на пекарите и топлите пијалаци кои создаваат посебна божиќна атмосфера.
10. Дрезден
Ако сте голем љубител на Божиќ, тогаш овој град е идеално место за вас. Вкупно има 11 пазари во кои можете да ја почувствувате празничната приказна низ театрите, специјалните изложби и претстави. Трае од 26-ти ноември до 24-ти декември 2015.
9. Лил
Во срцето на зимата, Лил свети со радост. Целиот град изгледа како да е поминат со магично стапче и посакува добредојде на сите оние кои сакаат да се препуштат на божиќната магија. Пазарот трае од 18-ти ноември до 30-ти декември 2015.
Уште 8 градови на следната страна...