Есенцијата на Париз преточена во храна

Доколку не сте дел од оние посетители кои можат со часови да чекаат пред железната убавица на Париз, тогаш веројатно сте дел од љубителите на добрата храна и вино.

esencijata-na-pariz-pretocena-vo-hrana-01.jpg

Блогерите на Tiffin tales ги истражиле париските слаткарници и пекари и препорачуваат неколку задолжителни вкусови кои вашите сетила мора да ги искусат. 

Макарунс

esencijata-na-pariz-pretocena-vo-hrana-1.jpg

Слатко во само еден залак. Тоа е класичниот изглед и замисла за десертите и токму затоа, макарунсите се првиот и основен концепт за слатка во Париз. Pierreherme е епицентарот на најдобрите макарунси и од тука не можете да заминете се додека не ги пробате класиците. Прв е вкусот и мирисот на карамела. По него доаѓаат летните вкусови Ispahan (роза, малина и личи овошје) и сите видови на летни макарунси полнети со сладолед.


Топла чоколада

esencijata-na-pariz-pretocena-vo-hrana-2.jpg

Не станува збор за блага Нестле инстант чоколада, туку изобилие на богат и силен вкус на вистинска чоколада. Секако, доколку овој вкус е премногу силен, секогаш можете да додадете малку свежо млеко и да ја ублажите аромата на париската топена чоколада. Местото кое се препорачува е Angelina.


Багети

esencijata-na-pariz-pretocena-vo-hrana-3.jpg

Парижаните се страстен народ и не би чекале ништо друго освен, нивниот топло приготвен леб. Секако, не без причина. Парискиот леб е вистински деликатес и „клише“. Без оглед на тоа, дали станува збор за богат бизнисмен или сиромашен просјак, ќе ја забележите типичната слика на парижанец со багет во раката. Блогерите ја препорачуваат единствената „буланжерија“ на Монмартр Gontran Cherrier.


Сирење

esencijata-na-pariz-pretocena-vo-hrana-4.jpg

Несомнено дека токму овој тип на солен деликатес ќе се најде во оваа листа. Цела Франција е добро позната по своите многубројни и различни типови и вкусови на сирење, а центарот е токму во Париз. Тука ќе ги најдете вкусовите на цела Франција. Што се однесува до нивната дегустација, тоа останува на вас. Добро познати продавници на сирења се Fromagerie Quatrehomme и La Fermette.


Путер

esencijata-na-pariz-pretocena-vo-hrana-5.jpg

Кога ќе го слушнете зборот путер, ви се враќа сликата на девојчето во дрвени кломпи и холандска етно носија од цртаните, нели? И можеби е така. Општо сите западноевропски земји (без оглед дали е тоа, Холандија, Германија..) приготвуваат свој путер, но кога ќе дојдете во Париз, ќе ја имате можноста и во еден обичен супер маркет да пробате 10 различни вкусови. Уживајте здраво и разумно во овој француски деликатес (Bordier).


Кроасани

esencijata-na-pariz-pretocena-vo-hrana-6.jpg

Французите навистина сериозно го сфаќаат приготвувањето на кроасаните и поседуваат цел сет на правила и чекори за подготвување на добар кроасан. Кроасанот не е добар ако не можете да го вкусите педантно. Основниот концепт е навртена златно жолта полу месечина со мека полу еластична и внатрешност полна со путер. Додека купувате макарунси, не заборавајте да купите и еден кроасан од Pierre Hermé.


Палачинки

esencijata-na-pariz-pretocena-vo-hrana-7.jpg

Нема што многу да се зборува. Никој не може да одолее на свежо подготвената палачинка исполнета со нутела, банани и бисквит. Или пак, за оние кои претпочитаат солени вкусови: сланина, топено сирење и павлака.


Чоколада

esencijata-na-pariz-pretocena-vo-hrana-8.jpg

Jacques Genin преточување на соништата на сите љубители на чоколада, во реалност. Блогерите велат: сите вкусови, оние кои сте ги замислиле и оние за кои не сте ни сонувале, ќе ги најдете на едно место - Париз.


Фалафел

esencijata-na-pariz-pretocena-vo-hrana-9.jpg

Традиционално, фалафелот е арапски рецепт. Поимот потекнува од арапскиот збор falāfil, што буквално означува, пиперка. Станува збор за топка пржен зеленчук која да, можете да ја сретнете и на улиците на Париз. Место каде можете да го пробате овој арапски деликатес со париски „шмек“ е L’As du Fallafel.


Маделини

esencijata-na-pariz-pretocena-vo-hrana-10.jpg

Кога ќе го слушнам овој поим, секогаш се присетувам на готвачот на Hell’s kitchen, кој на 24 часа приготвува маделини со своите деца. Рецептот се чини лесен за приготвување, но вкусот не е ни одблизу како оној на париските улици. Место кое се препорачува за топло и секако, полни путер и јајца, слатки маделини, е Blé Sucré.

Би можело да ве интересира:

Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Што можете да правите во Фиренца оваа есен? Видете го најпознатиот мост во Италија, восхитувајте се на уникатната готска кат...
5 романтични места во Македонија, совршени за меден месец Кој вели дека мора да патувате во странство за да имате незаборавен меден месец?...
14 дестинации во Европа погодни за меден месец во 2024 година Санторини е островскиот рај во Егејското море, па со оваа дестинација нема да по...
Традиционални (летни) специјалитети што треба да ги пробате низ Европа Полнети пиперки и домати во Грција и препознатливиот сладолед во Турција – кои (...
Највкусната улична храна низ Европа (што треба да ја пробате) Палачинки во Франција, трделник во Чешка и, секако, бурек во Македонија – која в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg