Шармантна куќа изградена меѓу две огромни карпи
Позната под името „La Maison du Gouffre”, во буквален превод значи куќа помеѓу карпи, и ги привлекува туристите уште од 19-тиот век, a лоцирана е во мало и мирно село во Франција.
Малата куќа е изградена во 1861 година, во време кога дозволите за градба не постоеле и секој можел да гради каде ќе посака. За да се заштити од суровата клима и честите невремиња, сопственикот одлучил да ја изгради својата куќа помеѓу две големи карпи.
После смртта на сопственикот, во оваа куќа живееле неговите потомци, а во моментот таму престојува неговата внука која се вратила од САД, откако го продала својот бизнис.
Во моментов, малата куќа има забрана за пристап, откако еден јапонски турист решил да се качи на кровот, при што го оштетил.
„La Maison du Gouffre” сега е оградена со ѕид и туристите можат да ја гледаат само од сигурна оддалеченост, а вие разгледајте ја галеријата од оваа специфична и шармантна куќа: