7 Центри на силата на планетата Земја кои зрачат со инспирација и моќ
Земјата е жив организам и таа поседува места со посебна енергија, кои зрачат со инспирација и ги оставаат без здив патниците кои некогаш ги посетиле.
Енергетските центри или уште познати како чакри, се всушност „центри на силата” кои се појдовни точки за примање и пренесување на енергии. Се смета дека секоја идеја, мисла или намера пренесена на едно од овие 7 места, добива силна енергија и истата се остварува.
Иако меѓу стручњаците има отстапки околу суптилноста на енергијата на нашата планета, но сите се согласни дека постојат 7 такви места, а тие се следниве:
1. Големиот Кањон- Аризона, САД
Првото подрачје на енергетскиот центар е населено од индијанското племе Хопи, што во превод значи мирољубиви. Областа е во опозиција со 7-та енергетска сила на земјата Каилаш на Тибет. Овие два центра, познати како круната и коренот, ја претставуваат врската помеѓу земјата и небото. Преку таа врска, нашите идеи добиваат поддршка од боговите во нивната реализација.
2. Мачу Пикчу- Перу
Народскиот назив на ова место е „Изгубениот град на Инките”, а реката која тече низ него е главниот извор на реката Амазон, која ѝ дава живот на Земјата. Градот е изграден во 1300-та година, а потоа останал сокриен сè до 1911 година. Многумина сметаат дека овој град бил напуштен и заборавен 400 години, уште пред царството Инки да ги пороби Шпанците. Станува збор за енергетски центар на сексуалноста и креацијата на животот.
3. Улуру-Австралија
За австралиските Аборџини Улуру е света планина, на која биле слушнати и остварени многу од нивните молитви. Улуру е најголемиот камен монолит и се верува дека ова место ја јакне личноста и зацврстува самодовербата.
На следната страница погледнете уште 4 светски центри на силата и енергијата...