Атмосферата на Зрче - Жешки девојки, згодни момци, коктели и музика
Плажата Зрче на хрватскиот остров Паг полека но сигурно се претвора во балканска Ибица. Ситен песок, море, многу коктели, музика, жешки девојки и згодни момци - вака изгледа атмосферата и ова лето.
Без оглед на температурата, овде забавите започнуваат уште во раната пролет, па така до сега се случија неколку десетици настани на кои настапуваа познати диџеи.
Атмосферата е веќе добро загреана, од време - на време се разладува со коктели, а младите се во одлична форма и во исчекување на уште полуди забави до раните утрински часови.
Каде и да се завртите ќе сретнете стегнати девојки во провокативни бикини и тетовирани момци подготвени за нова авантура.
A, за да не останете само на фантазии и замислени глетки, доживејте ја атмосферата од Зрче низ неколку фотографии: