Зен дестинации за освежување на телото и духот

Време е да одморите од брзата и високо калорична храна со која секојдневно не само што го уништувате вашето здравје, туку и вашиот физички изглед.

zen-destinacii-za-osvezuvanje-na-teloto-i-duhot-na-ovie-destinacii-001

Подгответе се за дестинација која ќе ги разгали сите ваши сетила, места на кои ќе се одморите, но и ќе уживате во вкусот на прекрасна храна збогатена со многу витамини.

Вратете си го здравјето и енергијата со храна што е приготвувана без никакви хемикалии и конзерванси, туку на природен начин.

Погледнете кои дестинации нудат освежување на вашето тело и дух:


1. Bohol Bee Farm, Филипини

Ова место е познато како воздушна бања и бидете сигурни дека ќе се надишете чист воздух кој денес тешко можете да го добиете во градот. Местото се наоѓа над кристално чиста вода и е еден вид фарма за пчели, што ви кажува дека ќе уживате во благодетите на чистиот и здрав мед.

zen-sestinacii-patuvanje-za-osvezuvanje-na-teloto-i-duhot-na-ovie-destinacii-1


2. Glenburn Tea Estate, Индија

Обожавате чај? Ова место е како создадено за вас. Ова место нуди едно посебно, социјализирано искуство и бидете сигурни дека ќе научите како се приготвува чајот. Освен тоа, овој топол пијалак ќе го пиете со поглед кон беспрекорните планини Хималаите.

patot-do-vaseto-zdravje-osvezete-go-teloto-i-duhot-na-ovie-destinacii-3-


3. Sarinbuana Eco Loge, Индонезија

Ова место се состои од прекрасни индонезиски бунгалови и куќарки на дрво кои гледаат кон кокосовите плантажи и другите насади со овошје. На ова место ќе имате можност, покрај здравиот начин на исхрана, да дознаете многу за културата и традициите на индонезискиот народ.

patot-do-vaseto-zdravje-osvezete-go-teloto-i-duhot-na-ovie-destinacii-4-


4. Eumelia Organic Agrotourism Farm, Грција

Можете да научите многу за одгледување на маслинки, ореви, грозје, бадеми или пак, едноставно можете само да уживате во нивниот вкус.  Ќе се одморите во прекрасните мали вили во кои секоја има своја приватна градина.

patot-do-vaseto-zdravje-osvezete-go-teloto-i-duhot-na-ovie-destinacii-5-


5. Belcampo, Белизе

Ако се одлучите да тргнете кон оваа дестинација, тогаш сте се одлучиле за едно чоколадно и шеќерно патување. Нема да можете да седите мирни, оваа дестинација има секојдневни активност кои се состојат од места кои морате да ги видите. Не се плашете од мајмуните, тие ќе ви бидат на дофат на вашите раце.

zen-sestinacii-patuvanje-za-osvezuvanje-na-teloto-i-duhot-na-ovie-destinacii-2


6. Xandari, Костарика

За љубителите на кафето ова е совршена дестинација. Ова место се наоѓа на самата плантажа на кафето, а вие ќе научите многу за начинот на преработка. Правилото на ова одморалиште е дека секој гостин треба да засади дрво пред да замине, поради зачувување на чистиот воздух.

 zen-sestinacii-patuvanje-za-osvezuvanje-na-teloto-i-duhot-na-ovie-destinacii-3

Која дестинација би ја одбрале? 

Би можело да ве интересира:

5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
Најубавите божиќни базари во Европа за 2023, кои вреди да ги посетите Од базарите во Стразбур и Колмар во Франција, до малиот базар во Опатија, Хрватс...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Плажи на Кипар што вреди да се посетат (и што треба да знаете за нив) Кои се најпосетените плажи на Кипар, а за кои малкумина знаат? Во продолжение из...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg