Во Чиле ве чека пустина полна цвеќиња
Пустината Атакама навидум е обична пустина, како и секоја друга, сува распукана земја со ретки знаци на живот. Но, ако продрете во нејзината суштина ќе се изненадите.
Кога ќе се појават пообилни врнежи, кога водата низ сувата испукана земја ќе го пронајде патот до семето кое со години се криело таму од жешкото сонце, тогаш оваа пустина се трансформира во вистинска оаза. Атакама станува најубавата расцветана пустина во светот.
Се претвора во пустина преполна шаренило и живост на илјадници цветови. Никогаш не би се помислиле дека на тоа место има пустина, кога пред вас се протега широко поле со цвеќиња.
Розеви, сини, виолетови цветови кои треперат како разлетани пеперутки ви ги привлекуваат погледите и ве испонуваат со воздишки.
Погледнете ја преубавата Атакама во Чиле: