Мирисот на вкусното швајцарско чоколадо - во посета на Maison Cailler, Nestle
Кој не сонувал барем еднаш да посети фабрика за чоколадо? Возејќи се низ бајковитата Швајцарија уживаме во звукот на ѕвончињата на кравите – едно од најголемите богатства на оваа земја која навистина знае како да го претвори млекото и какаото во совршено чоколадо.
Замислете си место каде сите ваши сетила ќе се разбудат во магичниот свет на чоколадото. Да, токму така ќе се почувствувате во фабриката на Maison Cailler, дел од Nestle, сместена во Брок.
Ги отвораме очите и уживаме во мешавините од мириси на какао, топло чоколадо, тазе десерти. Интерактивната тура овозможува да се запознаете со комплетната историја на фабриката од 1898 година па до денес.
Го разгледуваме комплетниот процес на течната чоколадна топла смеса и нејзиното формирање во неодоливо вкусни чоколадни бонбони веднаш подготвени за дегустирање.
Како шлаг на крајот на посетата е дегустацијата на највкусните производи на Cailler.
Можете да замислите соба во која на 30-тина послужавници во неограничена количина се служат најразлични вкусови на тазе чоколади – млечни, темни, бели, чоколадни бонбони кои се топат во устата и го пренесуваат вкусот на кафе, карамел, тазе лешници, карамелизирани бадеми, шампањ на сите ваши сетила?
Да, совршен крај на една слатка приказна. Незаборавно искуство кое ќе го понесете со себе.
И да, овде и околината на фабриката е совршена – боите на есента се претопуваат во вистинско уметничко дело насликано во природата наоколу.
На кратко, погледнете како изгледа ова уникатно доживување: