Разочарувачки туристички атракции (ВИДЕО)

Во секој туристички водич ќе најдете преглед на места кои мора да ги посетите. Иако во текот на патувањето треба да посетите што повеќе места, истовремено треба да имате и реални очекувања.

razocaruvacki-turisticki-atrakcii-video-01

Многу често слушаме сведоштва на луѓе кои ги посетиле славните светски туристички атракции и при тоа доживеале големо разочарување, бидејќи она што го виделе не било ни приближно возбудливо како тоа што го очекувале. Се разбира, тоа е прашање на вкус и субјективност, бидејќи има и многу такви места кои ги исполнуваат дури и надминуваат вашите очекувања.

На пример, Ајфеловата кула навистина е голема и погледот од нејзиниот врв воодушевува. Но има и такви места кои не го заслужуваат епитетот „највозбудливи или најатрактивни“ места.

Еве некои такви примери:


Мона Лиза

Најпознатата слика во светот се чува во парискиот музеј Лувр, покриена со дебело стакло, многу побледо претставена од онаа што ја гледате во книгите, и со заграден простор од 1 метар, околу кој се собираат стотици луѓе само за да ја видат. Реално, низ целиот музеј има толку многу уметнички дела со голема вредност кои би требало да ги погледнете, наместо да чекате во ред само за блажената насмевка на Мона Лиза.


Стоунхенџ

Сигурно сте прочитале многу податоци за овој „куп од камења“, но во реалноста овој локалитет е навистина досаден. Освен што големите камења се малку необично распоредени, ништо друго не ви го привлекува вниманието. Од друга страна, тој недостаток би можеле да го надоместите со други занимливости, древните села како Авебуриџа, праисториско место со музеј кој се наоѓа само на 40 километри оддалеченост од Стунхенџ.


Тајм Сквер

Тајм Сквер може да биде многу разочарувачко место заради огромниот број луѓе кој таму секојдневно циркулира. Всушност, и не е претерано интересно ако не го видите во неговото најдобро издание. Наместо преку ден, посетете го навечер, помеѓу 20 и 22 часот кога се вклучуваат светлосните реклами и кога нема толку сообраќај кој ќе ви пречи. Прошетајте разгледувајќи ги големите реклами, но воздржете се од купување, бидејќи тоа што се продава таму, сигурно го имате и дома, само што тука има многу повисока цена. По прошетката, одете со подземната железница на вечера до плоштадот Унион или Вест Вилиџ.


Сикстинска капела

Рим навистина изобилува со богати културни и историски локалитети кои вреди да се погледнат. Колосеумот е навистина импресивен, историјата на Форумот ќе ве врати во древното римско царство... Но, има и одредени светски познати места кои не се толку импресивни како што веројатно мислите. Сикстинската капела е едно од тие места. Дефинитивно би требало да го посетите Ватикан, но немојте да брзате со надеж дека ќе ја заобиколите гужвата и дека мирно ќе ги разгледате ремек-делата на Микеланџело. Кога ќе се обидете да влезете во Сикстинската капела ќе се најдете меѓу илјадници туристи , влезени во преполната црква и многу обезбедување и редари кои викаат : „Забрането сликање!“. Дајте си време, полека и на мир да ги разгледате музеите кои ви ги нуди Ватикан.

Сте посетиле ли вие некое познато место што ве разочарало?

Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg