Првата двокатна жичара „кабриолет“
Во Швајцарија, Луцерн, почна да работи првата жичарница на два спрата, при што е способна за носење на 60 лица, а горниот дел дури е со отворен кров за поубав видик.
Патувањето со неа започнува во селото Станс, близу Луцерн. Станицата за жичарницата е поставена на 711 метри надморска височина.
Таа се движи со брзина од 8 метри во секунда, а треба да премине 2,3 километри – патување кое трае шест и пол минути и ги носи патниците на 1850 метри височина.
Но, забавата не е само за патниците во горниот дел. Долната кабина е направена од цврсто стакло кое им овозможува на патниците да имаат преубава глетка, со исклучок на ветерот кој го чувствуваат патниците на горниот спрат.