Шармантно италијанско село од 11-иот век што ќе ве магепса (фото)
Рока Имеријале е село со околу 3.000 жители во областа Калабрија во Италија. Импресионира на прв поглед со својата необична форма, бидејќи сите куќи во селото се изградени на рид една над друга. Тесните камени калдрми, дрвјата со лимони и замокот што стои на врвот на селото, го прават волшебно место.
Се верува дека селото е изградено во 11-иот век. Фредерик Втори од Швабија околу 1000-та година на врвот на ридот изградил импозантен замок. Денес, тој е познат како Швабски замок.
Замокот е и првото нешто што го забележуваат посетителите кога ќе дојдат во селото.
Тој бил изграден на место од големо воено и стратешко значење, бидејќи во тоа време во Италија се воделе освојувачки војни.
Куќите почнале да се градат дури откако бил изграден замокот.
Во 1664-та година, замокот издржал напад од 4.000 пирати, кои ја опустошиле Рока и ја уништиле црквата од 13-тиот век во стариот град, оставајќи ја само камбанаријата со испакнати прозорци и корнизи.
Последните сопственици на замокот решија да го донираат на општината во 1989-та година.
Иако е релативно мало селце, Рока Империјале нуди одлична забава за посетителите.
Во стариот манастир се наоѓа Музејот на восочни фигури.
А внатре може да се видат многу личности кои биле симбол на 20-иот век, од Фредерик Втори опреку Мусолини, Че Гевара, Мајка Тереза до Џузепе Верди и неколку Папи.
Рока Империјале е и меѓу омилените села на филмаџиите, кои често доаѓаат тука да снимаат кадри за своите филмови.
Еден од најпознатите е „Le nozze di Laura“, филм кој ја дефинираше Рока Империјале како „природен филмски сет“.
Но, селото е познато и по производството на лимони.
Целата оваа област има клима која е идеална за одгледување лимони поради благите зими и температурите кои никогаш не паѓаат под нулата.
Рока Империјале е познато по најголемото производство на лимони во целата провинција Козенца.