Трикови за добар изглед во секаква комбинација, без разлика на бројот на килограми
Дајте им предност на геометриските принтови и носете панталони и здолништа со висок струк – Модни трикови со кои ќе изгледате одлично во секаква комбинација, без разлика на бројот на килограми.
Бројот на килограми не треба да ве ограничува кога станува збор за мода. Доволно е само да обрнете внимание на некои ситници за да изгледате одлично во секаква комбинација.
Неколку совети што ќе ви помогнат во ова:
Издолжете ја фигурата ако носите панталони со пократки ногавици
Панталоните со таканаречените 3/4 ногавици се одлични за лежерни комбинации, но треба да ги комбинирате внимателно бидејќи визуелно ги скратуваат нозете.
Секогаш е добро во оваа комбинација да додадете јакна со боја слична на панталоните за да создадете илузија на подолги нозе.
Носете панталони и здолништа со висок струк
Ако сакате да го скриете стомачето, панталоните и здолништата со висок струк ви се најдобриот пријател во секоја комбинација.
Не плашете се да носите принтови
Принтовите се одличен начин да ја освежите секоја комбинација, но важно е да ги одбирате внимателно.
Давајте им предност на геометриските форми и избегнувајте ги оние со големи цветови и слично, бидејќи „додаваат“ години.
Истакнете ја фигурата кога носите светли бои
Ако имате некој килограм плус, нема потреба да ги избегнувате светлите бои – единствено треба да ги комбинирате правилно.
Во комбинациите со светли бои секогаш е добро да ја истакнете половината.