10 модни грешки поради кои вашите зимски комбинации изгледаат монотоно
Избегнувате очила за сонце
Сончевите зраци можат да бидат заслепувачки во студените месеци, па не треба да ги избегнувате очилата во зима.
Покрај тоа, очилата за сонце се одличен моден додаток.
Носите ниски чизмички кога е многу студено
Иако изгледаат одлично, ниските чизмички нема да ве заштитат како високите во најстудените денови.
Избегнувате дебели хулахопки
Не треба да заборавите на здолништата и фустаните во зимските месеци, но важно е со што ги комбинирате.
За да не смрзнете, важно е да ги носите со дебели хулахопки кои можат да изгледаат навистина добро.
Не експериментирате со ракавиците
Покрај тоа што ни ги штитат дланките, ракавиците можат да бидат одличен моден додаток.
Па, не се ограничувајте со „обични“ ракавици, туку експериментирајте со бои, дезени и материјали.
Го мотате долгиот шал околу вратот
Долгиот шал нема да изгледа добро ако целиот го замотате околу вратот.
Подобро е да оставите еден дел да виси – и самите ќе забележите дека комбинацијата ќе изгледа многу поубаво на овој начин.
Спирова С. | Црнобело