10 модни грешки поради кои вашите зимски комбинации изгледаат монотоно
Носите само темни бои, облекувате ниски чизмички во најстудените денови и не обрнувате внимание на материјалот од којшто се изработени капите и шаловите – кои други грешки треба да ги избегнувате?
Само затоа што во зима мораме да обрнеме повеќе внимание на топлината и удобноста на облеката не значи дека нашиот стил треба да страда.
Ако вашите зимски комбинации ви изгледаат монотоно, можеби правите некоја од следниве грешки:
Носите само темни бои
Заборавете на „правилото“ дека светлите бои се само за потоплите месеци и немојте да се ограничувате само со темни нијанси во зима.
Белата, розовата, сината, особено пастелните нијанси, можат да изгледаат одлично во зима и да ги освежат вашите комбинации.
Носите чизми со многу дречлива боја
Кога станува збор за зимски чевли, секогаш е подобро да имаат понеутрална боја.
Освен ако немате гардеробер со стотици парчиња зимска облека, многу тешко ќе ги комбинирате чизмите и чевлите со дречливи бои.
Не обрнувате внимание на материјалот на капите и шаловите
Навистина е важно од каков материјал се изработени капите и шаловите бидејќи овие додатоци треба да бидат и удобни.
Ако купите капа и шал од волна или синтетички материјал, голема е веројатноста да чувствувате чешање на главата и вратот.
Мерино волната и памукот се секогаш подобар избор.
Носите само темни чанти
И за чантите важи истото правило како и за облеката – немојте да се ограничувате само на модели со темна боја.
Впечатливата чанта може да направи огромна разлика во секоја комбинација.
Носите долги и големи обетки со шал
Иако долгите и големите обетки можат да изгледаат одлично, избегнувајте да ги носите со шал.
Причината е очигледна – шалот ќе ги покрие обетките и само ќе ви создава неудобност.