9 модни тајни на Французинките со кои изгледаат стилски, дури и во зима со куп облека

Носат капут со поголем број,  не се откажуваат од белите панталони и во зима, а ги комбинираат со топли парчиња, ролката им е задолжително парче во стајлингот - модни трикови и правила со кои се служат Французинките за да изгледаат стилски и кога е ладно. 

9-modni-tajni-na-francuzinkite-so-koi-izgledaat-stilski-duri-i-vo-zima-so-kup-obleka-01.jpg

Французинките важат за вистински дами, кои секогаш изгледаат стилски, без притоа да следат краткотрајни модни трендови.

Тие секогаш знаат колку е доволно, како да ги искомбинираат парчињата и додатоците и да внесат доволна доза на гламур во изгледот, без да претераат.

Дури и кога надвор е ладно и кога имаат куп облека на нив, тие успеваат да зрачат со елеганција и стил, а да не изгледаат како завиткани во ќебе или како по шаблон со сите други жени.

Во продолжение погледнете некои од нивните стилски трикови со кои се служат:

Носат капут во неутрална боја и со еден број поголема димензија

9-modni-tajni-na-francuzinkite-so-koi-izgledaat-stilski-duri-i-vo-zima-so-kup-obleka-02.jpg

Сакаат „oversized“ капути и јакни, па немаат проблем да се послужат од машкиот оддел на облека

9-modni-tajni-na-francuzinkite-so-koi-izgledaat-stilski-duri-i-vo-zima-so-kup-obleka-03.jpg

Чанта во силна боја, добар шал и шапка се задолжителни за разбивање на монотониот и неутрален стајлинг

9-modni-tajni-na-francuzinkite-so-koi-izgledaat-stilski-duri-i-vo-zima-so-kup-obleka-04.jpg

Плетените ракавици никогаш нема да го заземат на елегантните ракавици од квалитетни материјали

9-modni-tajni-na-francuzinkite-so-koi-izgledaat-stilski-duri-i-vo-zima-so-kup-obleka-05.jpg

Немаат проблем зимскиот аутфит да го комбинираат со впечатлива свилена марама околу врат, дури и над шалот од кашмир или волна

9-modni-tajni-na-francuzinkite-so-koi-izgledaat-stilski-duri-i-vo-zima-so-kup-obleka-06.jpg

Обожаваат високи ролки во една боја кои го покриваат цел врат и некогаш го заменува и шалот

9-modni-tajni-na-francuzinkite-so-koi-izgledaat-stilski-duri-i-vo-zima-so-kup-obleka-07.jpg

Практикуваат слоевито облекување со блуза со ниска ролка, сако или џемпер и капут за деновите кога надвор е ладно, но не и во канцеларија/кафуле

9-modni-tajni-na-francuzinkite-so-koi-izgledaat-stilski-duri-i-vo-zima-so-kup-obleka-08.jpg

Не се откажуваат од бели фармерки и во зима и ги комбинираат така што изгледаат подобро отколку во лето

9-modni-tajni-na-francuzinkite-so-koi-izgledaat-stilski-duri-i-vo-zima-so-kup-obleka-09.jpg

Не практикуваат да носат едно парче само неколкупати – парчето треба да остави впечаток дека е ваш личен печат во разни комбинации

9-modni-tajni-na-francuzinkite-so-koi-izgledaat-stilski-duri-i-vo-zima-so-kup-obleka-10.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
7 стилски модни комбинации за тазе породени мајки (на кои комфорот им е на прво место) Телото на жените во бременоста и по породувањето се менува многу, и сосема е нор...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg