Имањето стил не значи „здолниште и високи потпетици“ - модни тајни кои стилистите ги чуваат само за себе
Не верувајте во сè што гледате на Инстаграм
Социјалните медиуми речиси никогаш не ја покажуваат целосната, реална слика. Натали Халкро, експерт за мода на социјалните мрежи изјавува:
„Колку што е гламурозна мојата појава на социјалните мрежи, посакувам луѓето да знаат дека не само што ми е најудобно во спортска облека и дуксери, туку тогаш и се чувствувам најсекси!“
Не бидете роб на модните трендови
Без оглед на тоа што е во тренд во моментот, обидете се да останете верни на себе. Знајте во што изгледате добро и што сакате и држете се до тоа.
Вашиот личен стил треба да одговара на вашиот животен стил, расположение и ресурси, но не чувствувајте дека треба да ги прекршите правилата за да создадете уникатен личен стил.
Класиците се нарекуваат „класици“ со добра причина.
Секогаш пробајте го парчето кое сакате да го купите
Последните неколку години, особено поради пандемијата екстремно се зголеми побарувачката за „онлајн шопингот“, и тоа е сосема во ред.
Меѓутоа, доколку не сте љубител на истиот, бидете доследни и трпеливи. Секогаш кога мислите дека нешто изгледа добро, однесете го во соблекувалната и пробајте го.
Најуспешните комбинации доаѓаат од помислата: „Тоа не е мојата боја и должина“.
Аксесоарите се многу важен елемент кој ја заокружува комбинацијата
Модните додатоци се едни од најважните карактеристики во стилот. Обичните фармерки и маичка изгледаат поинаку доколку додадете парче автентичен накит, марама или брош којшто ќе го акцентира вашиот личен стил.
„Универзална големина“ не постои
Не постои такво нешто како „една величина што одговара на сите“. Модните критичари цврсто негодуваат со оваа теза.
Секое тело е различно, и ништо не е навистина универзално за сите. One size облеката е најбрзиот пат до модната катастрофа и покрај тоа што можеби ќе изледате убаво, во неа ќе се чувствувате сосема некомфорно.
Мила М. | Црнобело