8 модни тајни од Италијанците, кои секој модерен маж треба да ги знае (за да изгледа како господин)
Најчесто ограниченоста во палетата на бои дава одлични резултати
Италијанскиот стил е толку карактеристичен и тие тешко отскокнуваат од нивната комфорна зона. Тие преферираат пригушени песочни нијанси, со бледо-сини кошули и сиви вратоврски.
Покрај формалноста на вратоврската, Италијанците оставаат лежерен впечаток, благодарение на голите глуждови, ленените панталони и кафените чевли.
Ретро очилата се секогаш правиот избор
Доколку ја посетите Италија веднаш ќе заклучите дека навистина е тешко да се најде човек кој не носи очила за сонце. Дури кога времето е облачно или пак надвор е ноќ – вистинскиот Италијанец нема да го напушти својот дом без пар соодветни очила за сонце.
Италијанците имаат „супермоќ“ за правилен избор на нивните очила. Нивната тајна е автентичноста, односно преферирањето на ретро-елементите.
Без разлика дали станува збор за нови очила, тие ќе направат сѐ што е во нивен домен, истите да изгледаат како да настанале во 1970-ите.
Без проблем покажете ја вашата смелост
На Италијанците воопшто не им е грижа што другите зборуваат за нив, така што обично можете да ги видите како шетаат по улица во светло розова маица, а тој сепак ќе зрачи од самодоверба и модернизам. Всушност, во Италија не постојат машки и женски бои.
Клучот е да изберете една малку посмела нијанса и да ја споите со повеќе стандардни бои, за работите да не излезат од контрола. На овој начин лесно ќе го постигнете бараниот италијански „шмек“.
Мешање на текстурата
Ако има нешто што овие мажи навистина го знаат, тоа е дека деталите се клучни.
Затоа, наместо да носи еднобојна кошула и еднобојно сако, Италијанецот ќе изигра на следниот начин: ленена кошула, морнарски блејзер, панталони од кашмир и волнен капут.
Контрастот во текстурата и совршеното мешање се всушност клучот за успешна и убава комбинација.
Мила М. | Црнобело