10 модни парчиња кои може да ги носите во есен (наместо фармерки) за да изгледате стилски

Црните кожени панталони и плисираното здолниште се одлични за есенските денови - со што друго можете да ги замените фармерките оваа сезона?

shto-da-oblechete-namesto-farmerki-vo-esenskite-denovi-01.jpg

Во есенските денови имаме помалку избор кога станува збор за облека и повеќето се потпираме на класичните фармерки.

Но, нема потреба да се ограничувате само на ова парче облека.

Постојат многу модели на здолништа и панталони кои се одлични за оваа сезона и ќе ги направат вашите комбинации впечатливи.

Што можете да носите наместо фармерки во есен?

Миди-здолниште од тексас

Тексас здолништата повторно стануваат хит и можете да ги комбинирате со скоро сите парчиња што би ги облекле со фармерки.

Овие здолништа изгледаат особено добро со чизми, што ги прави совршени за врнежливите денови.

shto-da-oblechete-namesto-farmerki-vo-esenskite-denovi-02.jpg

Широки панталони со висок струк

Одличен модел за деловни комбинации.

Елегантните широки панталони изгледаат многу добро со обична кошула и сако, но можете да ги носите и со маички.

shto-da-oblechete-namesto-farmerki-vo-esenskite-denovi-03.jpg

„Карго“ панталони

Широките панталони со џебови, познати како „карго“, се голем хит изминативе година-две.

Тие се удобни, изгледаат добро со патики, па се совршени за лежерни комбинации.

shto-da-oblechete-namesto-farmerki-vo-esenskite-denovi-04.jpg

Тесно долго здолниште

Овие здолништа се лесни за комбинирање, а притоа им стојат добро на сите бидејќи ја издолжуваат фигурата.

shto-da-oblechete-namesto-farmerki-vo-esenskite-denovi-05.jpg

Плисирано здолниште

Плисираните здолништа изгледаат мошне добро и со кошули, но и со џемпери.

Па, тие се совршено парче за лежерни и елегантни комбинации.

Притоа, можете да ги носите со патики и со штикли.

shto-da-oblechete-namesto-farmerki-vo-esenskite-denovi-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 есенски комбинации на бои со кои нема да погрешите Сте помислиле ли да комбинирате бургунди со црно или тегет со жолто? Оваа есен е...
Следењето модни трендови е вистински предизвик (низ 14 реални илустрации) Модата се движи во циклуси, па работите кои беа модерни во времето на нашите дед...
Кратки панталони кои се тренд за лето '24 и мора да ги имате Ова лето ако сакате да бидете во тренд со изборот на кратки панталони, тогаш со ...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
Бисерите се накит на годината во 2024 – Кои Македонки го следат светскиот тренд? Дани Ѓуровска, Елена Најдоски, Бојана Скендеровска... Ова се некои од Македонкит...
7 трикови што ќе ви помогнат од око да ги изберете најквалитетните фармерки Обрнувате ли внимание на рабовите, големината на алките за ремен или на нитните?...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg