Со што сè можете да комбинирате црни фармерки, без да изгледате монотоно?
Карирано палто или сако
Кога не сте сигурни што да облечете, а не сакате да изгледате монотоно, никогаш нема да погрешите со карирано палто или сако во комбинација со црни фармерки.
Капут или мантил со дречлива боја
Капутот со црвена или друга впечатлива боја ќе создаде одличен контраст со црните фармерки.
Во овој случај препорачливо е чевлите и чантата да бидат црни.
Тексас јакна
Црните фармерки изгледаат добро со секакви тексас јакни, но можеби најдобро во комбинација со светла тексас јакна.
Сиво сако
За елегантен изглед, искомбинирајте ги црните фармерки со сиво сако и штикли.
Црни чизмички
Црните фармерки можат да изгледаат добро и со светли чевли или патики, но изгледаат многу подобро со црни чизмички.
Уште подобро ако се со висока потпетица.
Спирова С. | Црнобело