13 модни тајни со кои Италијанките секогаш изгледаат елегантно
Експериментираат со накит, обичниот мантил е задолжителен за есен и пролет, а долгата коса им е главниот адут – кои се тајните што им помагаат на Италијанките секогаш да изгледаат елегантно?
Додека за многумина Французинките се симбол за елеганција и префинетост, сепак не можеме да кажеме дека овде не спаѓаат и Италијанките.
Всушност, некои од најубавите жени во светот, како Моника Белучи и Софија Лорен, се Италијанки.
Па, кои се тајните на овие жени што им помагаат секогаш да изгледаат елегантно?
Сакаат да носат прстени – што повеќе, тоа подобро
Додека модните експерти нè советуваат да бидеме умерени со прстените, Италијанките сакаат да „се китат“ и без проблем носат многу прстени.
Секако, во овој случај треба да се потрудите прстените да одговараат едни со други за да не изглдате „кич“.
Сакаат и многу белегзии
Италијанките дефинитивно не се плашт да експериментираат со накит, па редовно носат и по многу белегзии.
Очилата се задолжителен моден додаток
За Италијанките, очилата не служат само за заштита од сонце, туку се важен дел од нивните комбинации.
Некогаш доволен е еден пар очила за драстично да ја подобрите вашата комбинација, а Италијанките многу добро го знаат ова.
Тие сакаат да вложат во квалитетен пар кој ќе можат да го комбинираат со разни парчиња.
Преферираат темни лакови за нокти
Темните лакови за нокти можат да изгледаат навистина добро, па се фаворит на Италијанките.
Преферираат тесни фустани
Тесните фустани што ја истакнуваат линијата се едно од омилените парчиња на Италијанките.
Еднобојните модели се лесни за комбинирање и им стојат добро на сите девојки и жени.
Сакаат да се облекуваат во црно
Италијанките без проблем се облекуваат во црно „од глава до пети“, без разлика на сезоната.
Ако црната комбинација им е премногу монотона, знаат да создадат контраст со впечатливи чевли или чанта.