13 модни тајни со кои Италијанките секогаш изгледаат елегантно
Водат добра грижа за нивната кожа
Депилацијата е омилениот метод за отстранување влакна на Италијанките бидејќи ја прави кожата мазна, а резултатот може да трае и цел месец.
Косата им е заштитен знак
Италијанките се познати по долгите, бујните коси и за нив ова е еден од најважните адути.
Тесните фармерки никогаш не излегуваат од мода во Италија
Иако ширум светот почнуваат да доминираат пошироките фармерки, Италијанките никогаш нема да се откажат од тесните модели кои ја истакнуваат фигурата, а притоа се најлесни за комбинирање.
Вложуваат во квалитетни чевли
Италијанките сметаат дека е подобро да имаат два-три пара квалитетни чевли, наместо бројни евтини парови.
Истовремено, тие ѝ даваат предност на удобноста.
Носат чизми и кога не е зима
Кога комбинираме чизми со здолниште или фустан во зимските месеци, мора да облечеме и хулахопки.
Но, Италијанките носат чизми и во пролет и во есен, а обично ги прескокнуваат хулахопките.
На овој начин можат да ги истакнат нивните нозе.
Мантилот е најдобриот избор за променливо време
Мантилот со неутрална боја е омиленото парче на Италијанките кога времето е променливо, односно за есен и зима.
И, има добра причина зошто – стои добро и со лежерни и со вечерни комбинации, но и со секаков вид чевли.
Сакаат да носат шешири
Шеширите се популарен моден додаток во Италија и жените ги носат во секоја сезона.
Спирова С. | Црнобело