8 фото-споредби кои покажуваат зошто треба да ја одбирате облеката според типот на вашето тело
Додека девојките со мали гради и тесни рамена изгледаат добро со маичка со тенки рамки, на оние со поголеми гради многу подобро им стојат маички со дебели рамки.
Колку и да сакаме некое парче облека, ако не е погодно за нашиот тип на тело, не би требало да го купуваме бидејќи никогаш нема да ни стои добро.
Во продолжение можете да погледнете неколку фото-споредби кои многу добро покажуваат зошто.
Девојката на фотографиите има одреден тип на тело и се забележува дека изгледа многу подобро во парчиња облека кои можеби нема да ви стојат вам или на некој друг.
Или, на нејзиниот тип на тело воопшто не одговорат парчињата облека што вам или на некој друг му стојат добро.
Вертикалните линии секогаш изгледаат подобро
Сигурно и самите имате забележано дека вертикалните линии можат да направат да изгледате визуелно послаби, додека хоризонталните го имаат спротивниот ефект.
Блузите со „V“ израз се одлични за девојки со поголеми гради
Овие блузи им стојат одлично на сите, но се особено добар избор за девојки со големи гради.
Блузите со многу висока јака, од друга страна, можат да направат горниот дел од телото да изгледа многу поширок.
Важна е дебелината на рамките
Моделот на фотографиите има поголеми гради и пошироки рамена, што значи изгледа многу подобро со маички со дебели рамки.
Тенките рамки, пак, им стојат подобро на девојки со мали гради и потесни рамена.
Кога одбирате фармерки, немојте слепо да следите трендови
Треба да земете предвид неколку работи кога одбирате панталони, вклучувајќи го и типот на вашето тело.
Ако, на пример, имате тесни колкови а широки рамена, како девојката на фотографиите, многу подобро ќе ви стојат подолги фармерки со широки ногавици.
Внимателно избирајте ги боите на панталоните
Панталоните со дречливи бои и со дезени можат визуелно да ги зголемат нозете, па ќе ви стојат подобро од темни ако имате слаби нозе.
Од друга страна, ако имате пошироки нозе, држете се до потемни, еднобојни модели.
Струкираните фустани им стојат добро на сите
Овие модели ја истакнуваат половината, а можат да ги прикријат „недостатоците“ како стомаче или широки колкови, па изгледаат одлично на секој тип на тело.
Широките фустани, пак, им стојат подобро на слабички девојки.
Важна е и чантата
Чантата може да создаде одлична рамнотежа ако го изберете вистинскиот модел.
Девојката на фотографиите има тесни колкови и широки рамена, па изгледа многу подобро со чанта со долга рачка.
Бојата на чевлите може да направи драстична промена
Чевлите со иста боја како панталоните можат визуелно да ги издолжат вашите нозе.
Спирова С. | Црнобело