Еспадрилите со сатенска трака се омилените летни чевли на кралицата Летиција – како да ги комбинирате? (фото)
Еспадрилите на висока плута со сатенска трака, во бела и неколку други бои, се летниот хит на прекрасната кралица Летиција од Шпанија. Како да ги комбинирате овие чевли како кралската припадничка?
Кралицата Летиција од Шпанија, која важи за една од најубавите и најзгодни кралски припаднички, летово има еден омилен пар чевли кој го носи на секакви комбинации.
Станува збор за еспадрили на висока плута со сатенска трака која се врзува околу ногата, а ги има во неколку различни бои.
Таа секогаш изгледа елегантно и средено, а штом дама од кралско семејство може да ги носи на речиси секоја пригода (освен свечена), зошто да не можете и вие?
Во продолжение инспирирајте се за комбинации од кралицата Летиција и од други девојки кои ги носат овие чевли:
М. М. | Црнобело