Немојте секогаш да користите машина за сушење и уште 6 трикови со кои облеката ќе ви трае многу подолго

Немојте непотребно да ја перете облеката на високи температури, кога сте во можност не користете машина за сушење и секогаш следете го упатството на етикетите - кои други трикови ќе ви помогнат да го продолжите рокот на вашата облека?

kako-da-go-zacuvam-kvalitetot-na-mojata-garderoba-001.jpg

Земате плата и веќе имате испланирано со какви модни парчиња ќе се почастите? Ние жените сме програмирани да инвестираме во нови модели, различни дезени и бои, но дали знаеме како да ја зачуваме веќе купената облека и како правилно да се грижиме за неа?

Во продолжение, неколку препораки како да го сочувате квалитетот на вашата гардероба:

Купувајте квалитетни парчиња облека

Тоа не значи дека треба да влезете во првиот скап бутик на кој ќе налетате и да купите што било. Не секое парче што чини многу, нуди квалитет. Најчесто, само носите бренд кој трае колку секое друго парче. 

Ако сакате вашите парчиња облека да траат, купувајте квалитетни, но и безвременски работи. Работите кои се создадени од времето на нашите мајки и баби се некои модели на кои модата постојано се навраќа, како што се квалитетни чанти и чевли од вистинска кожа, капути од волна, класичен црн фустан...

Сетете се само колку пати сте заглавиле во нивните гардеробери и сте си заминале со неколку парчиња кои се актуелни моментално.

kako-da-go-zacuvam-kvalitetot-na-mojata-garderoba-02.jpg

Следете го упатството за нега на облеката

Придржувајте се до правилата што се наоѓаат на етикетите и не експериментирајте во овој дел.

Користете програми на 90 степени исклучиво за долна памучна облека, пешкири и слични работи на кои им треба посебна дезинфекција.

Сите останати парчиња може да се перат на многу пониски температури.

Не перете многу често

Ова не значи дека не треба да водите хигиена за износената облека, но сепак лимитарајте го бројот на перења и не ја преполнувајте машината.

Маички и кошули се перат по секое носење, но сепак фармерките, здолништата, панталоните и сакоата можат да се носат повеќе пати.

Воедно, не заборавајте да ги закопчате сите алишта пред да ги ставите во вашата машина. Патентите и копчињата можат трајно да ви ги оштетат работите.

За да си олесните, обезбедете си повеќе корпи за облека и селектирајте ја пред секое перење. Не користете универзални програми за перење за секаков тип облека и не ги мешајте боите и материјалот.

kako-da-go-zacuvam-kvalitetot-na-mojata-garderoba-03.jpg

Веднаш погрижете се за новонастанатата дамка

Звучи неверојатно, но сите дамки се перат доколку се третираат навремено.

Па така, не одложувајте да ја поминете дамката со средство за дамки или средство за рачно перење за да не останат дамки кои подоцна ниеден детергент нема да ги отстрани.

Сушење облека

Кога станува збор за сушењето на облеката, простирајте ја на поголема површина и на свеж воздух или на место каде што има провев како не би добила мирис на влага.

Доколку имате повеќе облека, закачете ја на закачалки. На тој начин ќе ви се олесни и процесот на пеглање (некогаш нема да морате да пеглате воопшто).

Избегнувајте машини за сушење алишта - ако веќе морате да ја употребувате, користете пониски температури кои не ја уништуваат и смалуваат облеката и опции за антибактериско сушење доколку вашата машина има таква можност.

kako-da-go-zacuvam-kvalitetot-na-mojata-garderoba-04.jpg

Пеглање облека

Пеглајте ја целата облека од внатрешната страна бидејќи самата температура ја уништува и избледува бојата на моделите, особено темните.

Праксата покажува дека темната боја ќе трае подолго, а воедно и малите прашински влакненца нема да се лепат на материјалите.

Свежина на гардероберот

Секогаш чувајте уреден гардеробер, подредени алишта и правилна селекција. На тој начин ќе можете полесно да одберете што ќе носите во моментот, а истото тоа ќе придонесе и за подолга трајност на материјалите.

Користете и средства за освежување кои ќе направат вашиот гардеробер секогаш да мириса свежо и чисто.

Освен омекнувачот, ова ќе даде дополнителна мирисна нота која ќе трае.

М. У. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg