Цветови, точки - како да комбинирате 8 популарни принтови без да изгледате „кич“?
За елегантна комбинација со точки, одбирајте парчиња со помали точки – многу големите кругови можат да направат да изгледате пошироко.
Принтовите се одличен начин да ја освежите вашата модна комбинација, но само ако знаете како да ги комбинирате.
Поради многуте бои, некогаш може да биде тешко да ја направите совршената комбинација со принт, без да изгледате „евтино“ или „кич“.
Во продолжение неколку совети што ќе ви помогнат да го избегнете ова:
Животински принтови
Навистина е лесно да погрешите со животинските принтови. За да го избегнете ова, препорачливо е да не ги комбинирате со впечатливи бои.
Исто така, принтот нека биде на само еден детаљ, но избегнувајте го на здолништа и панталони.
Цветни принтови
Кoга станува збор за цветни принтови, важен е минимализмот.
Односно, многу поелегантно изгледаат посуптилните принтови, отколку огромните цветови.
Риги
Кај ригите има едноставно правило – хоризонталните ве прават визуелно пошироки, додека вертикалните го имаат спротивниот ефект.
Па, секогаш е подобро да им дадете предност на вертикалните.
Карирани парчиња
За елегантни комбинации, подобро одбирајте „класичен“ кариран дезен.
Дезенот кој изгледа како бели и црвени коцки не секогаш изгледа добро.
Геометриски принтови
Кај геометриските принтови треба само да обрнете внимание на боите.
Односно, многу подобро изгледаат парчињата со неколку нијанси на иста боја, отколку оние кои имаат разни форми во разни бои.
Точки
Точките одново и одново се враќаат во мода, но треба да знаете како да ги комбинирате.
Најдобро одбирајте модели со помали точки, бидејќи големите кругови можат да направат да изгледате пошироко.
Апстрактни дезени
Кај апстрактните дезени давајте им предност на монохроматските, односно оние со две-три бои.
Некогаш и шарените дезени можат да изгледаат добро, но можат да бидат потешки за комбинирање, па најдобро не ризикувајте.
Цела комбинација со ист принт
Можете да изгледате одлично ако од главата до пети носите ист принт, но во овој случај препорачливо е да одберете посуптилен дезен.
Многу шарените принтови можат да направат комбинацијата да изгледа „кич“.
Спирова С. | Црнобело