Ретро моделот повторно ИН: Девојките од регионот и светот се опседнаа со сандалите и влечки со масивен ѓон
Ретро моделот на обувки се врати во мода... Вртоглаво се високи (околу 13.5 сантиметри) и ѓонот изгледа навистина масивно, би ги носеле ли? Гломазни или привлечни?
Ретро моделот на влечки и сандали со масивен ѓон се врати на модната сцена на голема врата.
Светски славните дами веќе извесен период се опседнати со нив, а неодамна со ваков модел на влечки ја видовме и српската пејачка Едита Арадиновиќ при едно ТВ гостување.
Извор: Инстаграм Амиџи шоу
Верзиите на ретро моделот се различни, но на сите им е заедничко тоа што имаат вртоглава висина.
Модната куќа Steve Madden е меѓу првите кои го вратија во тренд овој ретро модел, а овој тип обувки го продаваат под името „Trixie“.
Чевлите се високи околу 13.5 сантиметри, а ги обожава сопругата на Бруклин Бекам, Никола Пелц.
Овој модел го обожава и Хејли Бибер.
Како ви се допаѓаат вам – привлечни или гломазни?
С. С. | Црнобело