Превртено омбре – новата фризура што ги освои девојките низ светот (фото)
Во летниот период дамите најмногу сакаат да експериментираат со фризурите, а ова лето во тренд е да се носи фризура во два тона, или т.н. „омбре“ фризура.
За разлика од трендот што беше присутен пред неколку години, ова лето е популарно превртеното омбре во кое косата е потемна на краевите, а коренот е посветол.
Прва што се појави со ваква фризура беше Били Ајлиш која во минатото имаше зелена коса со црни краеви, а овој тренд го присвоија и други девојки, но најчесто избираат коренот да биде во светла (руса) боја, а краевите варираат (од кафеави и црни, до зелени и розови).
Погледнете повеќе идеи како да ја носите фризурата во превртено омбре:
Б. С. Б. | Црнобело