„Имам 18 години, слушам рок и не сакам модерна облека – ауфитите ми се како од 70-тите“
„Немам проблем со модерната облека, само сметам дека луѓето треба да го носат тоа во што им е удобно. Сите на училиште ми велеа дека ја слушам музиката на мојот татко и мислеа дека сум малку чудна.“
Изи Ален е 18-годишна девојка од Велика Британија која е вљубеник во модниот стил од 70-тите и со помош на винтиџ работи си креира стајлинзи во тој дух.
Вљубена е во рок музиката и не сака да биде модерна тинејџерка која следи актуелни модни трендови, туку сака да биде уникатна и своја.
„Сите на училиште ми велеа дека ја слушам музиката на мојот татко и мислеа дека сум малку чудна“, вели Изи.
https://www.instagram.com/p/CV0hzo1Lbcu/
„И да, вистина е дека мојот 54-годишен татко Ричард е тој кој ме запозна со рок музиката од 80-тите, но јас се вљубив во неа. Од Whitesnake до The Beatles, тоа е тоа што ме интересира.
Како растев така почнав да носам гардероба инспирирана од 70-тите. Поудобно ми е отколку во модерни парчиња облека, иако се случува луѓето да зјапаат во мене.
Дури и фризурата си ја направив во тој стил.
Немам проблем со модерната облека, само сметам дека луѓето треба да го носат тоа во што им е удобно.“
Стајлинзите на Изи:
https://www.instagram.com/p/Ca5LS2SswQy/
https://www.instagram.com/p/CaaVWxosA7M/
https://www.instagram.com/p/CaVVrvGMjtN/
https://www.instagram.com/p/CXtpCNdMZcL/
https://www.instagram.com/p/CV5xkiJME6b/
https://www.instagram.com/p/CVsxVCuMSeq/
С. С. | Црнобело